Завршив на инфузија: Тијана проговори за најтажната новогодишна ноќ

Добивај вести на Viber

Неколку необични случки имала пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ за новогодишната ноќ која обично ѝ е работна. Една таква ѝ се случила пред три години кога се разболела пред настапот. Сепак, како вистински професионалец успеала да го одржи концертот до крај. 

„Пеев во Бања Лука на Плоштад. Се качив на сцената со 40 температура. И таква целата, со тресење пеев час и половина. Потоа ви е јасно, завршив на инфузија и ми требаше долго време да оздравам“, ни раскажа Тијана.

Фото: Јелена Јованов

Уште нешто што ѝ паѓа на памет е еден новогодишен настап, во 2011 или 2012 година, вели не памти точно. Имала концерт за Нова година во Градишка на Плоштад, место близу Бања Лука, на босанско-српска граница. 

„Заврши настапот и со другарка и тргнавме назад за Белград. Возевме едно 60-70 километри и јас видов една табла на која пишуваше Липовац. Тогаш сфатив дека  ние сме го утнале патот и сме возеле накај Загреб. И реков на другарка ми: „Леле, вклучи навигација. Се враќавме назад и загубивме едно два часа плус во патот. Среќа што тоа се случи на враќање од настап, а не на одење“, открива познатата пејачка и актерка.