Здравко Чолиќ им ја подарува песната „100 дукати“ на дамите за 8-ми март

Фото: В.Тануровски


Популарниот пејач Здравко Чолиќ овој 8-ми март на својата верна публика, во која поголем број се жени, ѝ ја подари новата песна „100 дукати“.

На официјалниот “Youtube“ канал на Здравко Чолиќ, од сабајле во 10 часот, можете да уживате во новата песна „100 дукати“.


Музиката за оваа песна ја направи познатиот пејач Саша Матиќ, текстот го напиша Милош Смиљаниќ Зуца, а аранжманот го направи Никша Братош.

Спотот за оваа песна деновиве се снима на повеќе локации во регионот, а додека видеото не ја здогледа светлината на денот, сите љубители на музиката на Здравко Чолиќ можат да уживаат во песната „100 дукати“.

Извор: www.rts.rs