Жена лажела дека има тумор и собрала 10.000 евра: Зборувала дека умира од рак, а потоа се бранела со срамно објаснување
Жената по име Тони со
години ги лажела блиските луѓе дека има тумор и во таа прилика земала 12.000
евра за наводното лекување
Една жена по име Тони Станден од Велика Британија „лажирала терминална дијагноза на рак“ за да ѝ платат пријателите за нејзината „совршена свадба“.
Нејзините пријатели, уништени од целата ситуација, создале GoFundMe фонд за да ѝ помогнат финансиски да направи „заслужена венчавка“ со нејзиниот вереник Џејмс и во таа прилика собрале близу 10.000 евра.
Бидејќи подоцна беше обвинета, таа се изјасни за виновна за измама и покрај затворската казна ќе треба да ја врати и донацијата од 2.200 евра што ѝ ја дал локален бизнисмен.
Сè започнало во 2015 година кога Тони им кажала на двајца пријатели дека има терминален карцином на вагината. Таа редовно ги известувала за процесот на лекување толку детално што никому не му паднало на памет да се посомнева во нешто. Ја избричила и главата бидејќи наводно одела на хемотерапија, а на социјалните мрежи објавила фотографии без коса.
Disgraceful https://t.co/guxURNrXVE
— Metro (@MetroUK) November 29, 2020
А на пријателите им кажала дека сака на свадбата да биде и нејзиниот татко кој умира од рак. Почнале да собираат пари преку Интернет и собрале 9.300 евра.
Венчавката се случила кога нејзиниот татко веќе починал, но на прославата се емитува видео кое тој го снимил во чест на неговата ќерка.
Тони и Џејмс потоа заминале на меден месец во Турција, а имале уште еден одмор каде ги посетиле Германија, Австрија, Унгарија, Чешка и Италија.
Сомнежите започнале набргу по венчавката, а на крајот Тони во телефонски разговор признала што направила, а тоа го снимиле нејзините пријатели. Потоа им испратила порака во која вели дека и е жал за се‘, дека ѝ е непријатно и срцето ѝ е скршено, поради што се бори со себе.
„Има многу што сакам да кажам, но не знам од каде да почнам. Во овој момент не знам дали Џим и јас ќе се разведеме, нема да го обвинувам ако побара развод. Не го обвинувам ако е ова крајот, целосно ќе разберам и некако ќе се обидам да протуркам“, напиша таа.
За време на судењето беше откриено дека за време на лажното боледување Тони дури давала интервјуа за локалните медиуми за да предизвика сожалување во јавноста и да извлече повеќе пари.
Судот во Честер имаше убави зборови за нејзините злосторства.
„Секој член на општеството што размислува правилно би бил згрозен од вашето однесување. За среќа, овој суд не мора често да осудува некој кој покажал толкав степен на бесрамност, таква алчност или такво предавство на пријателството како што сте им направиле на вашите пријатели и на заедницата во целина. Толку беше вашиот недостаток на срам што им земавте пари многу, многу месеци“, се вели во завршниот збор на рочиштето.
Тони се соочи не само со пет месеци затвор, туку и со губење на довербата и љубовта на нејзиното семејство. Предавството што го направи кон пријателите и најблиските, измамувајќи ги со глумење канцер, остави длабока трага на гадење и предавство. Последиците со кои се соочува се сосема оправдани.