ЖЕНА СО ЛАВОВСКО СРЦЕ: Насловната страна со Мартина која го обедини цел Балкан
Редакцијата на босанското издание на популарниот магазин „Грација“ одлучи со нивната новогодишна насловна страна да ги помести границите за перцепцијата на женската убавина со храбар потег кој ги освои срцата во целиот регион. Нивниот избор за „Личност на годината“ е 35-годишната Мартина Млинаревиќ Сопта, писателка и колумнистка која покажа како изгледа телото на една жена која се борела со рак на дојка. Нејзината битка почнала во 2017 година, поминала низ неколку операции, а после сите премрежја храбро и искрено зборува за болното минато.
- Се одлучив за оваа насловна затоа што на секој чекор сме бомбардирани со совршенство без мани. Затоа што живееме фотошопирани животи, затоа што децата ни растат во испревртен систем на вредности каде „газовите и цицките“ на старлетите и на турбофолкерките се она што ни се наметнува во пореметениот ум од сестрите Кардашијанс.. Гледам мајки како објавуваат фотографии од своите деца на кои им ги зголемуваат усните и очите.. - напиша, меѓу другото, Млинаревиќ на „Фејсбук“ .