„Жените без деца се дискриминирани во однос на оние со деца“: Твитер гори поради оваа изјава, дискусијата не стивнува со денови

Откако една Србинка се пожали на својот Твитер дека мисли дека жените без деца се дискриминирани на работа, дојде до дебата и поделени мислења.

Долго време, во светот постои установено мислење дека жените се во подредена положба во речиси сите сфери на животот и работата, во споредба со мажите.

Домашната статистика ги потврдува овие светски трендови, како кај нас, слична е ситуацијата и во Србија и регионот.

Но, необична дискусија започна една корисничка на Твитер која на својата платформа го објави тврдењето дека жените без деца се дискриминирани во компаниите во однос на жените со деца. 

Имаше многу коментари поврзани со темата, главно контрадикторни.

Еден од нив беше:

- Точно. Дури има и законска дискриминација во однос на должината на годишниот одмор за родители на малолетни деца. Додуша, истото важи и за грижата за постар член од семејството.

Вториот коментар е со малку ироничен тон, но со прецизен и јасен став:

- Еден шеф ми рече пред неколку години „не си омажена и можеш да одиш на одмор кога ѝ одговара на фирмата, но тие мора да се прилагодат поради децата и распустите.“

Но следна твитерџика го кажа своето мислење и дури со пример поткрепи зошто е 100% на страната на жените кои не се чувствуваат дискриминирани, и смета дека е правилно да биде така, па иронично напиша:

„Многу сакам кога детето има температура 40, па да земам боледување и јас да одморам малце“.


Кое е вашето мислење на оваа тема?

извор:najzena