ЖЕНИТЕ ОД ЦЕЛ БАЛКАН ПЕАТ ПЕСНА ОД ДАРИО: „Што е мое ќе си дојде“ стана мотивациска химна
„Кога ја слушнав песната на Дарио и стиховите, ме воодушеви. Ако верувате дека во животот ќе ви дојде токму она кое што ви припаѓа, веднаш слушнете ја оваа прекрасна песна“, изјави познатата хрватска мотивациска говорничка Ана Бучевац за соработката со Дарио.
Песната на Дарио, „Што е мое ќе си дојде“, препеана на српски јазик, ја пеат жени од целиот Балкан. „Što je moje to će doći“ стана химна на Вортекс програмата на познатата хрватска мотивациска говорничка Ана Бучевиќ.
Пред неколку месеци, Бучевиќ одржа семинар во Скопје и тогаш за прв пат се сретна со македонскиот кантавтор. Претходно, песната на Дарио на Ана ѝ ја пратила неговата ќерка Андреа.
Жал ми е што во Македонија песната не ја препознаа уште кога ја промовирав, пред две години.- Дарио
„ Кога ја слушнав песната на Дарио и стиховите, знаев дека тоа е вортекс песна, ме воодушеви. Ако верувате дека во животот ќе ви дојде токму она кое што ви припаѓа, и ако сметате дека сте еден од оние кои по секое паѓање во животот брзо стануваат, веднаш слушнете ја оваа прекрасна песна“, изјави Ана Бучевац за соработката со Дарио. На своите инстаграм профили, жените од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои ја следат работата на Бучевиќ, објавуваат инспиративни видеа пеејќи ја песната. Некои од нив пеат на плажа, некои на прошетка, некои додека готват, некои додека пеглаат. Стиховите: “Што е мое ќе си дојде, сѐ друго оставам да пројде,“ станаа регионална мотивација.
Дарио со сопругата Бојана, ќерката андреа и со Ана Бучевиќ
Македонскиот кантавтор, за Женски магазин вели дека му е жал што песната, која ја промовираше пред две години како водечка на албумот „Ако силно посакам“ во Македонија луѓето не ја препознале.
„ Песната има силна порака, уште од денот кога ја промовирав, и жал ми е што многумина кај нас не ја разбраа. Овде изгледа луѓето само на политика мислат. Откако договорив соработка со Ана Бучевиќ, региналната верзија на песната има околу 11,000 прегледи на јутјуб дневно, а се пушта и по радијата во поранешна Југославија. Ја снимвме во студиото на мојот соработник Кристијан Габровски, чија мајка е хрватица и ми помогна за новата верзија на текстот. Благодарен сум и на мојата ќерка Андреа што на нејзина инцијатива влегов во проект на една толку успешна жена. Сите видеа од инстаграм кои секојдневно ги добивам, а ги снимаат многу жени од целиот Балкан пеејќи ја песната, ќе ги ставам во спотот на „Što je moje to će doći“, ни изјави Дарио.
Ана Бучевиќ е автор на неколку бестселери и најпозната мотивациска говорничка во регионот
Истата песна беше химна на мотивациското летување кое Ана Бучевиќ го организираше минатиот месец во местото Биоград на мору, ќе биде и на следното слично организирано патување.
Бучевиќ е автор на неколку бестселери и најпозната мотивациска говорничка во регионот. Нејзините предавања до сега мотивираа стотици илајди луѓе да го променат животот на подобро. Видеата на нејзиниот јутјуб канал „Сафари на духот“ имаат преку 65 милиони прегледи. Освен предавања, таа организира и групни медитации, вежби и јога.
Милица Џаровска