ЖИВЕЕ ВО ПАЛАТА ОД 600 МИЛИОНИ И 1.000 СОБИ: Која е Емине Ердоган, сопругата на најплатениот политичар чија чанта чини 11 годишни плати?
Сопругата на еден од најплатените политичари во светот, претседателот на Турција, Емина Ердоган е многу интригантна за светската јавност.
Имено, иако нејзината банкарска сметка е полна со пари, таа вели дека сака да штеди и да не троши. Емине за себе вели дека е жена која живее според стандардите на својата вера.
Турските медиуми јавуваат дека првата дама чува кори од јаболко и лимон и од нив прави оцет. Исто така, таа не ги фрла семките од маслинки и урми.
Таа го запознала својот сопруг на состанокот за поддршка на „Идеалистичката женска задруга“, чиј член била и таа, а се венчале во 1978 година.
Најблиските на Емине велат дека таа е силна, интелигентна, но и духовита. Својата почит кон религијата ја покажува со носење хиџаб.
Детали погледнете на Фактор тука.ФОТО: Инстаграм/Емине Ердоган