Животот на славната Анџела Ленсбери: Првиот сопруг бил геј, со вториот поминала 54 години, а култната улога ѝ донесе популарност која ретко кој ја доживува

Познатата актерка Анџела Ленсбери почина вчера на 96-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство за „NBC“. Зад неа имаше иконски улоги, меѓу кои една особено се истакна. Покрај возбудливиот живот што го живееше низ актерството, таа имаше и повеќе од интересни, големи и важни емотивни врски.

Анџела Лансбери беше ќерка на актерка и богат политичар, таа почна да глуми за да се справи со прераната смрт на нејзиниот татко, која ја опиша како „одлучувачки момент“ во нејзиниот живот. Ѕвездата родена во Лондон набргу откако се пресели во Америка, додека се‘ уште беснееше Втората светска војна, потпиша договор со МГМ и ја доби првата филмска улога (Gaslight, 1944), што и донесе номинација за Оскар за најдобра споредна женска улога на само 19 години, во тоа време. 

View this post on Instagram

A post shared by Angela Lansbury (@mrs.angela_lansbury)


Лансбери ја освои својата втора номинација за Оскар и Златен глобус само една година подоцна за нејзината улога во „Сликата на Доријан Греј“.

„Секогаш глумев некоја друга, поинаква жена од мене“, изјави таа за „Парада“ за нејзината соработка со медиумскиот конгломерат и додаде: „Длабоко жалам за годините што ги потрошив играјќи еден куп жени кои не беа јас воопшто“.

Во тоа време британската актерка го запознала својот втор сопруг Питер Шо, набргу по завршувањето на краткиот брак со Ричард Кромвел (Ленсбери подоцна дознала дека Кромвел е геј). Во брак со актерката, Шо стана врвен холивудски агент и се посвети на кариерата на неговата сопруга пред неговата смрт во 2003 година. Прекрасниот брак траеше 54 години и на славниот пар му донесе две деца. 

Актерката потоа доби значајна улога како мајка на Рејмонд Шо во Манџурискиот кандидат (1962), обезбедувајќи ја третата номинација за Оскар, повторно за најдобра споредна женска улога.

Но, токму Бродвеј и театарот навистина ја оживеаја Ленсбери како актерка, зацврстувајќи го нејзиниот статус на суперѕвезда. Таа ја опиша улогата на ексцентричната мајка Дениз во „Мајки“ како „златна ера“ на нејзината кариера, а тоа и ја донесе првата Тони награда за најдобра актерка во мјузикл во 1966 година. Таа повторно ја освои оваа награда за нејзината улога во „Dear World, Gypsy and Sweeney Todd“.

Лансбери светската слава ја стекна на малите екрани глумејќи во серијата „Murder, she wrote“, каде ја играше Џесика Флечер, детектив, вдовица, пензионирана професорка по англиски јазик. која стана мистериозна романсиерка, работејќи на нејзината машина за пишување дење и решавајќи локални убиства ноќе. 

„Не сакав таа да биде ТВ лик - сакав да биде секоја жена. Мислам дека тоа и даде долговечност. Секоја жена можеше да се поврзе со неа, и секој маж. Таа беше силна, вистинска жена, а мажите во тој поглед се слични на жените“, изјави таа за „Парада“.

Хит серијата беше исклучително популарна, а Анџела доби дури 12 номинации за наградата Еми, во категоријата за најдобра главна актерка во драмска серија - по една номинација за секоја година од емитувањето на серијата од 1984 до 1996 година. 

Додека се снимаше серијата, таа работеше на други проекти, па нејзиниот глас можеше да се слушне во анимираниот филм на Дизни „Убавицата и ѕверот“ (1991).

По смртта на нејзиниот сопруг, таа извесно време се повлече од сцената, а потоа се врати на голема врата: со услогата во филмот „Law & Order: Special Victims Unit“ и уште една номинација за Еми... А во 2011 година, таа глумеше во филмот „Mr. Popper's Penguins“ со Џим Кери, пишува „etonline.com“. 

Пред осум години, кралицата Елизабета Втора и ја додели титулата Дама. Ќе остане запаметена и нејзината улога во „Mary Poppins Returns“. 

Таа во интервју за „Парада“ изјави дека нејзината желба е грациозно да остари и да внесе нешто попозитивно во нејзиниот живот.


Фото: Профимедиа/Инстаграм