„Знам дека го слушаше секој мој збор, знам и дека тоа ти даваше сила да продолжиш да се бориш“: Маја од Скопје емотивно за 1-от роденден на Петра

Добивај вести на Viber

„Најхрабра моја,борец мој најубав,фала ти за оваа најубава година,фала за тоа што ме научи на многу работи,ми покажа нови работи и ми докажа колку си борбена и спремна за живот.
Твоето доаѓање на овој свет за мене беше нешто помешано со страв и среќа,не успеав да ти се израдувам,не успеав да те земам во прегратка,не успеав да те помирисам,ама секогаш доаѓав и те посетував и си разговарав со тебе цели 57дена,знам дека го слушаше секој мој збор,знам и дека тоа ти даваше сила да продолжиш да се бориш.
Нема да продолжам да пишувам а имам многу да кажам.
Среќен 1ви роденден храбро мое девојче,секогаш биди ми насмеана,секогаш бори се,и секогаш биди храбра.
Те сака мама од мравките до сонцето и назад. “ - ова е пораката која Маја Ристовска од Скопје ѝ ја испрати на нејзината силна девојка Петра, која вчера наполни една годинка.

За Петра пишувавме интервју во кое мајката Маја ни ја раскажа борбата на нејзината предвремено родена ќерка.

Имено иако навидум сè изгледало во ред и имала многу лесна бременост што би се рекло „како по книга“, на рутински преглед кај нејзиниот матичен гинеколог ѝ било соопштено дека повеќе нема плодова вода и дека веднаш треба да се упати кон ГАК, каде три дена лежела на одделот за патолошка бременост и веќе во 30-та недела била породена со итен царски рез.

- Петра се роди со тивок плачлив глас, беше многу малечка, ми ја доближија да ја бакнам и ми кажаа дека сè е во ред и дека мора да ја носат во инкубатор. Тешка беше само 1.180 грама и долга 39 сантиметри - се сеќава Маја.

Новородената Петра останала во болница цели 57 дена, а дозволена им била посета само во вторник и четврток и тоа по само десет минути. Во тие моменти се чувствувале беспомошно, и под преголем стрес поради кој Маја не успела да одржи ниту лактација за да ја дои малечката Петра штом се врати дома.

Целата приказна за Петра може да ја прочитате овде.