Зошто мама е покриена со кечап: Зборови на 4-годишно девојче пред да ја дознае болната вистина

Зборовите на оваа девојче ќе ве здоболат. 

Четиригодишното девојче ја прашало белгиската полиција зошто нејзината мајка Елеонора Де Штрајкер (27) била „покриена со кечап“, откако било откриено дека нејзиното поранешно момче Бабур Јолдаш ја убил и ја оставил да лежи во локва крв.

Помладата ќерка на Елеонора ѝ рекла на полицијата „тато сепак ја сакаше мама“ и прашала зошто нејзината мајка е „покриена со кечап“.
Постарата ќерка пак, шестгодишно девојче, била посвесна за тоа што се случило и дала детални описи, вклучувајќи цртеж за крвопролевањето на кое присуствувала.

Таа вели дека се разбудила бидејќи слушнала како мајка ѝ вреска, а потоа налетала на Јолдаш во ходникот кој ѝ рекол да почека во собата додека не ѝ се јави мајка ѝ. Кога го слушнала како излегува, слегнала по скалите и ја пронашла нејзината мајка како лежи во локва крв. Двете мали девојчиња ги облекле палтата и излегле надвор, а откако соседите ги забележале, повикале полиција.

Пред судот била изнесена шокантната приказна за тоа како девојчето, откако било однесено во просторијата за интервју пред судењето, паднало во прегратките на негувателката и прашало: „Дали сакате да ни станете мајка?“

Во четири снимени видео пораки кои беа објавени на суд, Јолдаш (25) детално зборува за причините поради кои планирал да ја убие својата поранешна партнерка. Тој направил застрашувачко видео додека седи во автомобилот пред нејзината куќа додека таа спиела.

Јолдаш зборува за тоа „колку тој направи за неа и нејзините деца“ пред таа да го напушти за некој друг.

- Ако го пронајдете овој телефон, тоа значи дека сум мртов и дека мојата девојка е мртва, како и стариот човек со кого е во врска - вели Јолдаш во видео снимката.

-Не можам да се убијам без неа. Не можам да се контролирам, жал ми е. Ова не сум јас, ова е некој друг. На сите што го слушаат ова им посакувам добар живот, да се видиме во поинаков свет. Три лица ќе умрат за повеќе од еден час и тоа не е моја вина - нагласува тој.

Постарото тогашно момче на Елеонора, наводно, не било со неа кога Јолдаш го спровел својот план во март 2018 година. Тој пред судот рече дека тие не биле во врска, но дека имале само прекрасно пријателство.

Двете деца на Елеонора сега живеат со родителите на нејзината мајка.

- Понекогаш мислам дека сето ова е само лош сон, но мора да ја прифатам ужасната реалност - рече таткото на убиената жена пред судот и истакна дека грижата за внуците го прави силен.

 - Секој ден им даваме љубов и сигурност, единствена желба ми е да живеам уште дваесетина години и да видам дека станале добри луѓе - додаде тој.

ВИДЕО:


извор:srbijadanas.com