Зошто не се поднесуваат Меган и Кејт?
Ова беше година на војвотката од Сасекс Меган Маркл. Поранешната актерка во мај се омажи за принцот Хари, а нивната венчавка беше настан на годината.
Меган сосема успеа да за заесни својата јатрва Кејт Мидлтон. „Воуг“ ја вброи во една од десетте најдобро облечени жени на светот, а на листата со неа се најдоа и Лејди Гага, Ријана и Ема Стоун. Кејт воопшто не е спомната во оваа листа.
Иако многумина помислија дека на Кејт ѝ олесни што веќе не е центарот на вниманието, помеѓу јатрвите сепак дошло до судир. Меган и Хари решија од Кесингтонската палата да се преселат во дворецот Виндзор, а гласините за судир во семејството не престануваат.
Стручњакот за говорот на тело Дарен Стантон забележала голема разлика во однесувањето на двете војвотки. Меган со години е навикната на камери и самоуверена е во јавноста. Кејт пак е поскромна и сака да се дистанцира. Разликите во карактерот наводно се причината што двете не се поднесуваат.
Кога ќе се породи Меган, јавноста повторно ќе се занимава со неа повеќе од Кејт, велат англиските медиуми.