Зуица Лазова и Наум Петрески со децата покрај вода: Додека посилниот пол лови риба, дамите уживаат
Нашата позната фолк двојка Зуица Лазова и Наум Петрески викендот го искористиле семејно со децата да се релаксираат покрај вода.
Додека бисерното фолк грло Наум и неговиот син Стефан ловат риба, мама Зуица и ќерката Македонка уживаат на лежалките до нив.
Одлична семејна летна идила.
Инаку Македонка, е студент на Факултетот за музичка уметност, каде студира соло пеење. А Стефан годинава прослави полуматура.
Во една прилика, мама Зуица која е и професорка по хармоника на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ откри дека и Стефан тргнал по нивните стапки и дека свири на гитара, но дека уште не знаат дали ќе ја избере музиката како идна професија.
Фото: Фејсбук - Зуица Лазова
Наум е посилен кога Зуица му го чува грбот: Фолк-пејачите модно усогласени на „Пиволенд“ (ФОТО)