Вакцини, да или не?

Добивај вести на Viber

Често сме сведоци на различни мислења за вакцинацијата. Некои се за, други се против. Ова е многу актуелна тема, па токму и затоа решивме да ја третираме. -Историски факти Благодарение на вакцините, искоренети се бројни болести кои буквално уништувале се. Веројатно повозрасните се сеќаваат на варичела… Благодарение на вакцината против дифтерија, оваа смртоносна болест ја нема веќе над шест децении, а слично е и со детската парализа. -Медицински анализи До вакцините се стигна благодарение на истражувачката работа, посебно во процесот на развојот на вакцините, но и следењето на нивните ефекти. Во моментов се актуелни анализите кои ги следат несаканите ефекти на вакцините. Скоро сите истражувања се под покровителство на Светската здравствена организација. Едно од тие истражувања укажа дека ММР вакцината нема никаква поврзаност со аутизмот. Потоа беа објавени уште неколку истражувања со слични заклучоци. -Како е во развиените земји Во развиените земји се води сметка за здравјето на населението, посебно на децата. Од една страна, тука е хуманата грижа, но не треба да се занемари ни економскиот аспект. Медицината не е евтина, посебно не лекувањето. Затоа економските експерти веќе пресметале дека поевтино е да се спречи од тоа да се лекува. Оваа е во баланс со основните принципи на медицината како наука. Токму поради тоа вакцините се особено важни, а во развојот на нови и во усовршувањето на некои стари вакацини, се вложуваат огромни суми. Тоа е секако поевтино од борба со епидемија од заразни болести. На овој начин, државата е задоволна затоа што не троши финансии на лекување на болести кои можат да се спречат, фармацевтските компании имаат свој интерес да создадаваат вакцини, а децата добиваат најсовремена заштита од заразни болести. -Дали сѐ е баш вака убаво? Нормално дека не. Нормално дека мора да има исклучоци. И во медицински развиените земји постои отпор кон вакцините. На пример, епидемија на мали сипаници неодамна се случила во еден дел од Швајцарија. Како? Па едноставно. Родителите дошле до сознание дека во развиената и чиста Швајцарија е невозможно да се добијат сипаници. Бројот на невакцинираните ја достигнал критичната маса. Се случила епидемија. Тоа била среќа мала, но сепак реална. -Задолжителни и незадолжителни вакцини Секоја земја има календар на вакцини кои се пропишани со закон. Нема да ги набројуваме сега. Но, ќе спомнеме дека има два фактори кои се клучни за избор на задолжителните вакцини. Првиот е корисност на вакцината, а вториот е цената.