Запознајте ги најуспешните жени претприемачи за 2017 година

Со задоволство ви ги претставуваме дваесетте жени претприемачи од источен и југоистоен регион кои годинава беа номинирани за најуспешна жена претприемач за 2017 година.

Изборот за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион, се организира втора година по ред со цел да ги промовира успешните бизнис приказни на познати жени претприемачи, а со тоа да ги мотивира и поттикне граѓаните да ја преземат сопствената одговорност и да ја започнат својата професионална кариера развивајќи сопствен бизнис.

И оваа година ќе бидат доделени седум признанија и тоа:

-Најуспешна жена претприемач за 2017 година,

-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Бизнис со најголем потенцијал,

-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Бизнис со најголем раст,

-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Најмлад бизнис,

-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Најкреативен бизнис,

-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Бизнис со најдолга традиција,

- Најуспешна жена претприемач за 2017 година според публиката (ова признание се доделува врз основа на добиениот број гласови/лајкови на гласањето кое ќе биде спроведено во периодот од 4 до 14 декември)

Запознајте ги најуспешните жени претприемачи за 2017 година овде.