Првенче во новата Влада, Тевдовски доби ќерка

Добивај вести на Viber

Министерот Тевдовски доби ќерка.

Третата ќерка го заокружува среќниот семеен круг на Анита и Драган. Тие веќе ги имаат Ема и Каја.

Тевдовски пред да стане министер, предаваше квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје, но во јавноста малкумина знаат дека во младоста бил надежен фудбалер. Љубовта кон спортот, посебно кон трчањето продолжи да ја негува.

Неговата сопруга Анита во младоста беше дел од музичката сцена во Македонија. Таа беше дел од групата Ин.