Стоп на насилството врз жени и девојчиња
Денес сме портокалови. Со причина. Секоја жена е важна. Заслужува вистински третман, љубов, почит и внимание. Жените не треба да бидат предмет на насилство, без оглед на тоа какво е или каде е.
Насилството е проблем. Неговото решение не е толку едноставно, иако би требало да биде. Насилството може да биде физичко, но и психичко. Треба да научиме да го препознаеме.
Жртвите на насилство често го третираат долго, пред да го прекинат тој круг, ако воопшто се одлучат на тој чекор. Некогаш поради финансии, некогаш поради деца, другпат поради срам или едноставно поради поврзаноста со насилникот. Не е едноставно да се донесе одлука. Не е едноставно да се каже доста.
Секој од нас може да помогне. Секој од нас може да поддржи. Секој од нас може да даде сила и охрабрување на тие на кои им треба. Да му кажеме доста на насилството врз жени. Да му кажеме доста на насилството воопшто.
За Женски Магазин, Вики Чадиковска