(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Свадбата на Серена Вилијамс како на бајка

Добивај вести на Viber

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Серена Влијамс пред неколку дена стапи во брак со избраникот на своето срце Алексис Оханијан. Како што пишувавме свадбената церемонија беше организирана во Центарот за современа уметност во Њу Орлеанс, а медиумите наведуваат дека чинела повеќе од милион долари. Серена носела прекрасна венчаница и цело време блескала од среќа. Двојката има ќерка која се роди на 1 септември.   Магазинот „Vogue“ единствено ја имаше честа да биде дел од венчавката на тенисерката и милијардерот и да ги овековечи овие прекрасни моменти. Уживајте во дел од галеријата која ја преземавме од „Vogue“ .