Ателје, радоста на сликањето: Целиот универзум преку очите на големиот уметник

Уметноста е единственото нешто во кое несвесно можеме да влеземе, а свесни да излеземе. И според многу светски гении, токму таа може да го спаси светот. А уметничкиот свет на македонскиот сликарски гениј Рубенс Корубин е бескрајно разновиден. Бранува, допира, изнудува емоции, не застанува никогаш...

Неговиот раскошен твореки опус ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство и сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство. Го сметаат за романтичен сликар, визионер, великан. На посебен начин ни ги доловува делата со сопствената креативна сила која како да е непресушен извор. А, сета негова сликарска магија остава траги и трае за секогаш, за идните поколенија.

Неодамна, имаше грандиозна изложба во Чивте Амам. Ја собра целата македонска елита и вистинските љубители на уметноста. Изложбата е своевиден јубилеј, 70 Години живот и 45 години од дипломирањето на авторот. Наречена е „Ателје, радоста на сликањето“.


Целото интервју прочитајте го на Машки магазин.