Балканските диви кои пораснаа со неговите песни тагуваат по великанот Драгојевиќ

Добивај вести на Viber

Во Сплит, Оливер Драгојевиќ, легендата за хрватската музичка сцена, почина на 71 година. Оливер Драгојевиќ беше еден од најпознатите пејачи не само во Хрватска, туку и во цела поранешна Југославија.

Тој беше пример за сите балкански ѕвезди и сите го обожуваа. Еден од првите кои изрази жалење за својот учител беше Тони Цетински, а со емотивни пораки му се придружија и Марија Шерифовиќ, Јелена Розга и Нина Бадриќ. Балканските диви со неверување тагуваат по својот пријател и колега Оливер.

-Ова беше пејач. Ова беше уметник. Ова беше човек од збор. На спомнувањето на твоето име секогаш се стоеше мирно. Фала е малку за се што ни даде. Се и да сакам не можам да заборавам, се што сум сакала и сакам порасна со твоите песни. Сега на бродот, нахранит ги рибите и во мир запали цигара.. Нека ти почива душата во мир мој Голем - напиша Шерифовиќ.


- Се мое е врзано со тебе отсекогаш. И засекогаш.  Те сакам како семејството, И секогаш ќе те сакам. Мирно спиј, душо моја- напиша хрватската ѕвезда Бадриќ.

И Јелена Розга сподели порака за Оливер со стихови од неговите песни: 

- Мој убав ангелу заради тебе ќе веруваме во љубовта. Фала ти за се. Не можам ни да ја опишам тагата, во мислите сум со твоето семејство.