Тони Цетински за Оливер Драгојевиќ: Бакни ми го Тоше и запејте една
Легендарниот музичар Оливер Драгојевиќ почина утрово во Сплит, по една година борба со ракот.
Тони Цетински кој со години беше многу близок со Оливер, деловно и приватно, посвети емотивни зборови зборови за својот драг пријател и учител.
„Драги мој морски волку. Ништо веќе нема да биде исто по твоето заминување Оливер. Сите твои шеги и глупости на кои ние се смеевме како деца се моменти што јас никогаш нема да ги заборавам. Морам да ти признаам дека јас те сакав и јас те сакам како татко и понекогаш ми беше како помлад брат. Најмногу научив од тебе затоа што добив најмногу од тебе.
Ти им се даваше на луѓето и не се штедеше во тоа. Во тој факт лежи уште една тајна за твоето успешно постоење и работа.
Секогаш си бил доказ дека тоа не е доволно само да се биде врвен уметник, но, исто така, и ЧОВЕК и затоа големо ФAЛA.
Длабоката болка во градите и големата празнина во моите мисли сега се во мене. Песните што ги остави сега се единствената утеха. Искрено сочувство до целото семејство. Огромна болка.
Почивај во Божји мир мој пријателу и мој учителу.
Те сакам и секогаш ќе те сакам. П.С. Те молам само уште едно.
Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња. И нему му беше одличен пример и пат кој треба да го следи ".
Не можам да престанам да плачам, напиша на крајот Тони.