Денеска е Св.Кирик и Јулита: Се верува дека секоја мајка треба да го направи ОВА

Фото: denovi.mk

Православните верници денеска го слават Кириловдан - празникот на Светите маченици Кирик и Јулита, синот и мајката кои загинаа во големите прогони на христијаните за време на царот Диоклецијан. Станува збор за ранохристијански маченици, чие почитување е поврзано со голем број народни обичаи и верувања.

Според легендата, Света Јулита била од благородничко потекло, но рано останала вдовица, сама со новородениот син Кирик. Бидејќи и самата била христијанка, веднаш го крстила детето и уште од мали нозе го научила на вера.

Кога императорот Диоклецијан наредил прогон на христијаните, Јулита и Кирик биле фатени и изведени пред судија. Бидејќи мајката не сакала да се откаже од својата вера, судијата, вели приказната, го зел детето и почнал да го гали. Но Кирик викал: „Јас сум христијанин, пуштете ја мајка ми!“ и почнал да го гребе судијата со раце и побегнал. Судијата се налутил и го треснаl Кирик на земја, а детето се тркалaло по скалите и починало. По многу маки, и Јулита била убиена во 304 година.

Дел од моштите на светите маченици Кирик и Јулита се наоѓаат во Охрид во црквата Света Богородица. Манастирот Свети Кирик и Јулита, во народот познат како манастир Свети Кирик, бил посветен на светите маченици Кирик и Јулита. Се наоѓа во близина на селото Смиловци кај Димитровград во Нишката епархија. Во 1984-та година, манастирот е прогласен за недвижно културно богатство како споменик на културата на Република Србија.

Цели села и семејства во Србија денеска го слават Свети Кирик и неговата мајка Јулита. Се верува дека Свети Кирик/Ќирил штити од кожни болести, па на овој ден секој што има здравствени проблеми со кожата се капе во извори и реки.

Слично, постои приказна дека овој светител има моќ над сончевите зраци и лекува. Во некои рурални средини во Србија сè уште постои обичај да се вадат страшилата од полињата, бидејќи тие денес не се потребни. Се верува дека Свети Кирик штити од птици грабливки.

Бидејќи ова е, пред сè, е празник на љубовта меѓу мајката и детето, жените на овој ден треба да избегнуваат карање и викање на своите деца, бидејќи се верува дека во спротивно ќе бидат болни повеќе од една година. Ова древно „правило“ го следи и останатиот дел од домаќинството, па денеска е празник на кој најмалите особено со нетрпение го очекуваат, бидејќи секоја желба ќе им се исполни.

Затоа, драги мајки, поминете го овој ден со вашите малечки. Прошетајте со нив, играјте со нив и сакајте ги - сите ќе бидете посреќни!

Извор: kurir.rs