Длабоки рани во срцето на дивата Јосипа Лисац: Споменот на една голема љубов

Една од легендарните љубовни приказни на овие простори, која е инспирација за многумина и по 50 години, е онаа меѓу хрватската муичка дива Јосипа Лисац и покојниот Карл Метикоќ. Иако неговото предвремено заминување остави длабоки рани во срцето на Јосипа, нивната љубов живее и понатаму токму поради посветеноста на Јосипа да го зачува споменот на нејзината сродна душа.

Таа редовно одржува концерти во негова чест и постојано се сеќава на моментите што ги сподели со него. Така, таа сподели и видео на својот Инстаграм профил со  фотографии и потсетник за 6 февруари, но во далечната 1971 година, кога првпат се сретнаа.

View this post on Instagram

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac)


"Токму на тој ден, во 1971 година во Петриња, се роди љубовта помеѓу Карл Метикоќ и Јосипа Лисац. Во тој момент, сè стана јасно; фантастично е тоа дека нашите патеки ги споивме заедно"- напиша тажната Јосипа.

Таа и Карло се вљубија на прв поглед. 

„Настапувавме на некој добротворен концерт и бидејќи се видовме зад сцената, никогаш повеќе не престанавме да се гледаме“, рече еднаш Joсипа која го обиколи светот со Карл и и помогна да изгради музичка кариера.

„Сè околу е болка, но јас продолжувам понатаму“

Заедно со Ивица Крајач, Карло беше автор на сите песни на првиот албум на Јосипа „Дневникот на една љубов“, и тоа беше само почеток на долгорочна соработка и врска полна со љубов, почит и разбирање. Но, на 10 декември 1991 година, Карло почина ненадејно, во сон, што целосно го промени животот на Лисац.

Оттогаш, како што изјави многу пати, верува дека има само една љубов во животот и дека по Карл нејзиното срце засекогаш е исполнето. Сепак, како што рече во интервју за Глорија, таа е сама, но не и осамена.

"Целото минато го чувам во срцето и главата, но свесна сум дека времето не може да се врати. Мојот живот со Карл, кој беше толку прекрасен, убавите моменти што ги поминавме заедно - ова се спомени кои ми даваат сила да продолжам понатаму... Свесна сум дека мојата болка поради него никогаш нема да исчезне, со текот на времето може само да се засили. Подготвена сум утре да ме повреди уште повеќе. Тоа девојче сè уште се смее некаде длабоко во мене, но сè околу е болка ... Ама, одам напред “, рече Joсипа.


Извор: Глорија. хр

Фото: Инстаграм