Исто дишеме: Маријан Стојаноски отворено за Наташа

Добивај вести на Viber

Наташа не е подла, таа е човек со големо срце, вели Маријан Стојаноски за неговата долгогодишна партнерка Наташа Каранџуловска која синоќа ја побара за жена. Познатиот пејач и хорист во Македонската опера и балет за „Женски магазин“ проговори за жената која е негова поубава половина веќе пет години, но не сакаше да открива премногу.

- Наташа е Охриѓанка и синоќа ја побарав за моја сопруга. Можам да кажам дека е нежна и женствена, едноставно исто дишеме. Во повеќето работи се сложуваме, да не кажам во се’. Медиумите не ми биле секогаш наклонети, сакам таа да живее мирен живот - искрен е Стојаноски.

Маријан долги години не е присутен на домашната естрада. Лани настапи на фестивалот „Макфест“, но се’ послабо е активен на поп-сцената.