Во сите искази таткото на Вања е замешан во организираниот криминал, со цел да се изнудат пари од мајката: Еве ги деталите
Јавното обвинителство и МВР соопштија дека таткото на малолетната Вања чие тело беше пронајдено вчера, откако беше пријавена за исчезната во понеделникот бил дел од организацијата за нејзиното киднапирање.
Мотивот е користољубие при што едно од лицата член на семејството го организирало извршувањето на делото, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кои сите понатаму инволвирани би имале материјална корист, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Телата на Вања и 74- годишниот Велешанец биле пронајдени убиени и закоани. Вања во околината во Скопје,
а велешанецот во околината на Велес.
За двата случаи осомничени се пет лица од кои за три е
определена мерка притвор, еден е надвор од државата, а петотто лице таткото на
малолетничката е приведено со кој е извршен распит и понатаму ќе се преземаат
мерки по насока на Обвинителство.
Повозрасното машко лице од Велес кое нема никаква
поврзаност со малолетничката од Скопје, но поради нарушени односи со еден од
осомничените, а неговото возило марка „цитроен“, е одземено и употребено при извршување на кривичното дело за потоа
ова возило биде најдено опожарено.
Токму со тоа возило земена е малолетничката и тоа во влезот од зградата односно живеалиштето откако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома.
Главниот организатор и извршител со пиштол на 27-ми ноември според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката.