Уникатен подарок за ќерката на Мартин од Некст Тајм: Името на Лиана испишано на...

Добивај вести на Viber

Кон крајот на минатиот месец, гитаристот од групата Некст Тајм, Мартин со неговата сопруга Андреа, станаа родители, ја добија ќерката Лиана.

Сега малата Лиана го доби првиот спортски дрес со нејзино име, подарок од Фудбалската федерација на Македонија, обајви Мартин на социјалните мрежи.

Инаку сопругата на Мартин, Андреа е професионална ракометарка. Дали ова значи дека мама и тато ја подготвуваат Лиана да стане спортистка?! - Но во секој случај тие не одлучуваат, туку самата таа, па времето ќе покаже што ќе одбере. 

Во интервју за Женски магазин, Андреа раскажа дека Мартин е подготвен неговата нова животна улога, татко.

„Мартин е прекрасна, посветена, одговорна личност/сопруг. Вели дека нема што да се спремаме, сѐ ке биде како што треба. Понекогаш навистина му се восхитувам на неговиот стабилен, одговорен а лабав мајндест. Освен, кога треба да одиме на прегледи (се смее). Стига до негде ама не влегува кај докторите и тоа е“ – раскажа Андреа.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Мартин од Некст Тајм стана татко: Ќерката доби уникатно име

    Возбудена што наскоро ќе стане мајка: Андреа Белеска и Мартин од „Некст тајм“ подготвени за приновата која доаѓа во нивните животи