15 години не користел мобилен телефон: Животната приказна на Која од „Дисциплина кичме“
Душан Којиќ-Која, фронтменот на белградската рок-група групата „Дисциплина кичме“, сношти доживеа мозочен удар и се наоѓа во болница во Лондон во индукциска кома. Оваа вештачки предизвикана кома му дава на мозокот време да закрепне, а се користи во тешки случаи.
Која отпатувал во Лондон да ја посети сестра му кога му се случи мозочниот удар, и таму е хоспитализиран.
Занимливост врзана за неговиот живот е дека 15 години поминал без мобилен телефон, а рачен часовник никогаш не носел. Кога конечно си купил телефон, избрал еден од старите модели со копчиња, и го користи само за итни случаи. Повеќето од луѓето кои ги познава не знаат дека тој има мобилен телефон. Со многумина, тој комуницира исклучиво по меил. Нема профили на социјалните мрежи, но ја води страницата посветена на неговата група, „Дисциплина кичме“.
Која е на музичката сцена речиси четири децении, а кариерата ја започнал во групата „Шарло акробата“, заедно со Милан Младеновиќ, фронтменот на групата ЕКВ. Неговиот лик го обележа филмот „Како је пропао рокенрол“, каде што го толкуваше ликот на Зелениот заб.