Лежалките во Охрид за празникот Илинден поскапеа од 200 на 250 денари. Интересно е што на иста плажа,различни сопственици на шанковите издаваат лежалки по различни цени. На еден дел од плажата "Немо" лежалка чини 150 денари, а само неколку метри подолу 250. Едно семејство од четири члена, само за лежалки и за два чадори треба да издвои 1.000 денари. Трошоците за пијалоците и за храната се плус. Затоа повеќето од гостите избираат одмор или викенд со сопствени лежалки и столчиња. За продолжениот викенд, Охрид е полн со туристи.
Животна училница // Приказни
250 денари за лежалка во Охрид без пијалок