37 килограми помалку после операцијата на желудник: Ивона Јо сѐ поблиску целта

Трансформацијата е неверојатна.
37 килограми помалку за три месеци по операцијата.

24-годишната Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, летово, на 26-ти август, направи интервенција на желудникот и започна една нова етапа од животот во обид да го доведе нејзиното тело до посакуваниот изглед.

Сѐ поблиску до целта

Новиот изглед ќе го презентирам во спот - изјави таа после зафатот во интервју за Женски магазин, и рече дека тимот на доктори и нутриционистот, очекуваат по операцијата, минус 55 килограми до јануари, а вкупно бараат од неа, односно нејзиното тело бара од неа, за здрав BMI, да има минус 80 килограми.

Уште првиот месец постоперативно, Ивона имаше 20 килограми помалку и не ја криеше среќата дека омилените парчиња облека не ја издаваат.

Сега, три месеци постоперативно, пејачката има 37 килограми помалку, а таа е благодарна и вели дека секој 26 датум од месецот ѝ е роденден. „Нов роденден. Нова јас“ - вели таа.


Пејачката е активна и на музичката сцена и често настапува, а споделува и фотки од нејзината трансформација. 


Промената е очигледна:

ПРЕД:

ПОТОА:

- Скоро никогаш не сум внимавала дали на моето тело има гребнатинки или пак некој белег… затоа што дебелите девојки не носат голо. Не е дозволено да се носи хаљина(имав јавен излив и сите знаеме како се сфати и помина), хеланки не, бикини, привлечна долна облека и слично.
Сето тоа предизвикува стигма на нашата душа. По автоматизам не се облекуваме како сакаме затоа што нели не е нормално.
Ех да можам да и објаснам и да и ветам на малата Ивона дека се е океј. Дека ништо нема да се случи доколку го облече она што таа го сака.
Ве молам исчистете си ги дамките од вашата душа и погледнете се со љубов денес. На никој ништо не должиш. Никого не можеш да разочараш.
Единствен човек на кој што должиш нешто си ти. Единствен човек кого можеш да го разочараш си ти.
А овие трагови од операција никогаш не сакам да се тргнат“ - пишува пејачката за белезите кои ги има од операцијата.

фотографии:instagram/ivonajo