Неверојатни 20 килограми помалку после операцијата на желудник: Ивона Јо е среќна што омилените парчиња облека ја издаваат

Нови фотки од Ивона Јо по операцијата на желудник - трансформацијата е неверојатна 

24-годишната Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, пејачка со исклучителни вокални способности, долго време јавно зборуваше за нејзината прекумерена тежина и тоа го истакнуваше и на социјалните мрежи.

Во последниве години се бори со проблемот „eating disorder“ („проблеми со храната“), но на 26 август во Турција, направи интервенција на желудникот и започнува една нова етапа од животот во обид да го доведе нејзиното тело до посакуваниот изглед.

Новиот изглед ќе го презентирам во спот - изјави таа после зафатот во интервју за Женски магазин, и рече дека тимот на доктори и нутриционистот, очекуваат по операцијата, минус 55 килограми до јануари, а вкупно бараат од неа, односно нејзиното тело бара од неа, за здрав BMI, да има минус 80 килограми.

Откако се прослави со нејзините гласовни способности, пејачката направи многу трансформации на себе, а деновиве на Инстаграм споделува и фотографии од трансформацијата на нејзиното тело по операцијата. 

За еден месец таа изгуби 20 килограми, а промената е очигледна.

Ивона не крие дека е презадоволна:
„Ден за ден секое парче гардероба кое го носев пред месец дена различно стои на мене. Овие тренерки беа омиленото парче гардероба но за жал ќе мора да земеме друг пар со минимално два конфекциски броја помали.
Паника ме фаќа кога ќе сакам нешто да облечам од порано, а парчето во последен момент ќе ме издаде и ќе ми најави дека е време за промена“ - напиша таа на својот Инстаграм профил и сподели фотка од омилените тренерки кои ѝ се значително големи.



Фотографии во истите тренерки пред операцијата: