6-годишниот Љубa Стaнковиќ победи со евергринот нa Кaлиопи (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Малиот Љуба Станковиќ, или како што уште го нарекуваат шестгодишното чудо од дете, е победник на оваа сезона на „Пинковите ѕвездчки".

Тој по прогласувањето на победата, за „Блиц" невино изјави:

-Јас сум победник. Насекаде луѓето ме гушкаат, ме бакнуваат и ме сакаат и ми кажуваат дека сум победник. Мило ми е што ме сакаат, но јас сакам да пеам најмногу, без разлика кој има најмногу фанови. Сите финалисти со кои се натпреварував се мои пријатели и многу ми е жал што натпреварувањето заврши и повеќе нема да имаме проби. Многу сум тажен.

Малиот Љуба jа однесе победата со пеење на евергринот на Калиопи, преубавата балада „Бато“. 

Тоа беше една од причините поради кои македонската пејачка јавно му честита на Фејсбук.  

-Ти честитам од срце, чудо наше мало, а големо ! - напиша таа.