6 идеи: Што може да правите додека партнерот гледа СП во фудбал

Добивај вести на Viber

Жестокото навивање на Светското Првенство е загарантирано за сите машки членови, па затоа бидете предупредени дека ќе треба да ги оставите сами и „на раат“ во следните четири недели.

На кратко, овој месец може да биде многу здодевен за жените кои воопшто не може да поднесат фудбал ... Што тогаш да правиме? Ако машкиот пол е залепен за телевизискиот екран, предлагаме неколку кул идеи кои ќе ви помогнат да го исполните времето додека траат натпреварите.


Вежбање

Наместо да се досадувате и да лежите на каучот, можете да работите на вашата фигура пред да заминете на одмор. Одете во фитнес клуб или вежбајте дома. Ве советуваме да вежбате редовно, а не само сега кога се одржува Светското првенство.

Прочитајте книга

Ако не знаете што да правите, можете да читате. Има многу интересни книги што ќе ве однесат до едно друго време, ќе се сретнете со ликови што ќе ве натераат да заборавите на фудбалот.

Гледајте филмови / серии

Ова е вистинското време за да ги гледате сите филмови и серии што сте ги зачувале на вашиот компјутер. Можете исто така да ги поканите вашите пријатели и да организирате филмски маратон (во соседната соба).

Најдете ново хоби

Шиење, градинарство,калиграфија, тајландски бокс, сликање на платно ... Мора да се сеќавате на хоби што би сакале да ги додадете на листата.

Дружете се со своите пријателки

Сега е време за пријателките, групни масажи или спа или да пробате нови козметички производи. Ова е, исто така, одлично време за „позајмување" на неговата банкарска картичка, бидејќи тој веројатно нема да забележи ништо, освен кога топката што се тркала на екранот.

Гледајте фудбал!

Некои мажи се луди за фудбалот, но и за жените кои го сакаат овој спорт. Докажете му на вашиот партнер дека фудбалските правила не се шпански села за жените и дека една жена во фудбалот изгледа одлично како секси навивачка или како некој што носи студено пиво и чипс.