8 митови за ракот на дојка: Ова е вистинската вистина за туморот кај жените

Добивај вести на Viber

Октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојката. Не заборавајте дека превентивните прегледи спасуваат живот

Ракот на дојката е најчестиот малигнен тумор кај жените и токму поради тоа се појавија разни митови поврзани со оваа болест, па некои луѓе веќе не знаат што е вистина, а што не. Со цел да ви помогнеме да ја разделите вистината од фикцијата, ви пренесуваме дел од митовите на кои можете слободно да заборавите, а бидејќи здравјето на жените ни е многу важно, овој пат апелираме и до сите тие барем еднаш годишно да си ги проверат градите.

МИТ бр. 1 Гените се виновни за ракот на дојка 

Во само 5 до 10 проценти од случаите на рак на дојка, виновни се неисправните гени BRCA1 и BRCA2, одговорни за наследувањето. Иако лекарите сè уште не знаат што ја предизвикува оваа болест, истражувањата покажаа дека не само неисправните гени се виновни за ракот, туку и начинот на живот.

МИТ бр. 2 Жените со мали гради се побезбедни 

Жените со мали гради се подеднакво подложни на рак на дојка како и жените со големо деколте, бидејќи тој настанува во каналите кои носат млеко од жлездите до брадавицата, а сите жени ги имаат исто на број, без оглед на големината на градите.

МИТ бр. 3 Ракот на дојката секогаш се појавува како грутка

Приближно 10 проценти од жените со оваа болест немале никакви грутки, ниту имале болка, односно немале никакви индикации дека имале некаков проблем со градите. Што се однесува до откриените грутки, 80 до 85 отсто се целосно безопасни, бидејќи се работи за цисти и бенигни тумори. Но, повторуваме, доколку откриете некаква промена на вашите гради веднаш одете на лекар.

МИТ бр. 4 Мамографијата ќе ја намали шансата за добивање на болеста Мамографијата е единствената процедура со која може да се открие постоечки тумор. Овој преглед е многу корисен, дури и неопходен за жени над 40 години.

МИТ бр. 5 Апчиња за контрацепција предизвикуваат рак на дојка

Иако истражувањата во 1990-тите предупредуваа дека жените кои земаат апчиња за контрацепција имаат поголеми шанси да добијат рак на дојка, лекарите нагласуваат дека состојките се промениле оттогаш, бидејќи количината на хормони кои можат да предизвикаат рак е намален.

МИТ бр. 6 Младите жени не можат да добијат тумор 

Иако е точно дека жените во постменструалната фаза се поподложни на рак, истражувањата покажале дека дури 25 отсто од заболените се на возраст под 50 години. Затоа редовните прегледи на дојките треба да започнат од 20-та година од животот.

МИТ бр. 7 Може да се разболите поради лош градник

Не постои ниту еден доказ за да го поткрепи ова тврдење.

МИТ бр. 8 Ракот на дојка може да се спречи 

Лекарите сѐ уште не знаат што предизвикува рак на дојка, па затоа не може да се спречи. Но, она што е познато е дека недоволното движење, дебелината и алкохолот драстично го зголемуваат ризикот од заболување од оваа опасна болест.


Извор: stil.kurir.rs