„Аџибадем Систина“ отвора Premium physical therapy & sport centar - интегрирана приказна за здрав живот

Добивај вести на Viber

Распространет на површина од 1.130 метри квадрати опремен со  современи ординации и апарати за физикална терапија, фитнес-сала со најмодерни справи, сали за аеробик, пилатес, јога, нутриционистичко советувалииште, парна бања, финска сауна и две ВИП-соби за масажа, Premium Physical Therapy& Sport Center, во склопот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, денеска ги отвора вратите за посетителите.

Станува збор за најсовремениот и најмодерно опремен центар за здрав живот во земјава кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот - физикалната медицина и рехабилитација, нутриција и  диетологија, функционален фитнес, мат, реформер и кадилак пилатес, аеробик и кик-фит аеробик, јога, сите видови  масажи, парна бања и финска сауна и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе. Цените за сите услуги кои се нудат во Premum центарот од физикална терапија, нутриција па сè до пакетите за вежбање во најмодерно опремената фитнес-сала се достапни и конкурентни, а клиентите добиваат врвни и професионални услуги од стручен и искусен тим.

Covid - safe според сите безбедносни протоколи

Premium Physical Therapy& Sport Center работи според строги ковид-протоколи, сместен на приземје располага со природна вентилација, целосно е одвоен од болницата и се врши редовна дезинфекција на целиот објект и на справите за вежбање, кои се поставени на безбедно растојание, а бројот на посетители во салите за вежбање е ограничен на максимум 15 лица

Нашите заложби за здрав живот ги препознаа голем број истакнати спортисти кои оставиле траен белег во македонскиот спорт  - најдобриот ракометар на сите времиња и селектор на машката ракометната репрезентација, Кире Лазаров, актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија и поранешен истакнат кошаркар, Перо Антиќ, еден од најдобрите македонски фудбалери и актуелен капитен на фудбалската федерација на Македонија, Горан Пандев, поранешниот капитен на женската ракометна репрезентација, голманката Гордана Нацева, како и поранешниот борач во слободен стил и олимпски шампион Шабан Трстена.

За нас е огромна чест што токму вакви врвни спортисти кои повеќепати ја направиле нашата земја горда се наши бренд-амбасадори. За нивните достигнувања во спортот ќе бидат одликувани со свои портрети во Premium Physical Therapy& Sport Center.

Центар за физикална терапија со единствена хидролента во земјава 

Центарот за физикална терапија и рехабилитација, сместен на површина од околу 300 метри кавадратни, е опремен со најсовремена апаратура, простории за рехабилитациска терапија и нуди  можност за превенција и третман на сите спортски повреди, патолошки состојби и болести, вклучувајќи индивидуален планови за третман и вежби. Единствено во Македонија располага со подводна хидролента за изведување хидротерапија. Хидролентата е одлична при започнувањето со физичка активност кај лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина или имаат болки во грбот и зглобовите, ‘рбетот и при третман на скршеници и други травматски повреди. Предноста на подводната хидролента е елиминирање на земјината тежа, намалување на притисокот врз зглобовите и јакнење на мускулатурата. Хидролентата наоѓа примена при рехабилитација на скршеници и хируршки интервенции на дискус хернија, но сè почесто се користи и како подготовка во тренинг-процесите на професионалните и аматерските спортисти. Токму во центарот за физикална терапија и рехабилитација голем број спортисти, меѓу кои и ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов, години наназад успешно се рехабилитираат и подготвуваат за враќање на терените.

Физикалната терапија и рехабилитација дава можност и за лекување пациенти кои од кои било причини не смеат да примаат лекови или да подлежат на хируршки третман, пациенти со хронични заболувања или пациенти со ограничени, односно изгубени моторни функции. Истата се применува и по извршена операција заради враќање на нормалните функции на телото или кога постои ризик од прогресирање на болеста. Физикалната терапија се користи при третман на дисфункционалности при ревматолошки заболувања, постоперативна рана кардиорехабилитација, рехабилитација при невролошки заболувања и при третман при дегенеративни заболувања на целиот мускулно-скелетен систем. Центаротза физикална терапија содржи и две најмодерно опремени ВИП-соби за масажа и нуди спортска, медицинска и релаксациска масажа и нив ги изведуваат врвни физиотерапевти. Дополнително Premium центарот за здрав живот располага со парна бања и финска сауна, а за посетителите на располагање се и интегративни медицински услуги - миофасцијална релаксациска масажа,електроакупунктура, ласерска акупунктура, киропрактика, dry needling, sujok терапија, како и  trigger points третман. 

Врвно опремена фитнес-сала

На површина од над 500 метри квадратни, во еден од најголемите фитнес-центри во земјава на располагање се над 40 справи за вежбање од светски познат бренд Technogym - technogym excite кардиосправи (ленти за трчање, елиптични справи, степери, вариосправи, велосипеди - Skill Bike,  Skill Row, Skill Mill), Technogym Skill tools (над 20 справи и реквизити за функционален тренинг), целосно опремен дел за функционален фитнес и тренинзи за сила и кондиција (monkey bars, trx  suspension trainer, battle ropes, Bulgarian bags, power bag, slam ball, medicine ball, wall ball, kettlebell, jump box), како и симулатор на нордиско скијање (Concept 2 Ski erg). Секој посетител пред да започне со вежбање прави физикален преглед и InBody scan (детален приказ на целото тело) со што се одредува степенот на моментална подготвеност на телото за почеток на тренажен процес и понатаму овозможува евалуација на резултатите од физичката активност. Дополнително, секој клиент поминува основен кардиолошки преглед и прави лабораториска анализа на крвта. Кондициските и сите останати тренинзи ги изведуваат искусни и сертифицирани тренери со над 10-годишно искуство зад себе. Центарот располага и со специјални справи за реформер и кадилак пилатес, како и кик-фит аеробик. Во центарот се нуди можност како за индивидуални тренинзи, така и за тренинзи со свој личен тренер. Тренинзите можат да се одвиваат под мониторинг на физиотерапевтите, физијатрите и нутриционистите, благодарение на комплетно интегрираниот пристап што го нуди Premium Physical Therapy& Sport центарот. 

Центарот за здрав живот за своите клиенти нуди и Healthy living пакети, кои вклучуваат користење на спортскиот центар, парната бања и сауната, а цената се одредува врз основа на периодот од денот кога клиентот ќе го посетува центарот, односно дали тоа ќе биде во пик периодот од 6 до 10 часот и од 16 до 22 часот, или во периодот од 10 до 16 часот. Gold годишен пакет со вклучени 150 тренинзи во спортскиот центар во пик периодите и 150 посети на парната бања и финска сауна, нутриционистички и кардиолошки преглед, лабораториски испитувања, InBody скрининг на месечно ниво и месечен план за исхрана чини 1.200 евра, а полугодишниот пакет со истите услуги 75 тренинзи и исто толку посети на парната бања и финската сауна е 700 евра. Цените на Silver годишен и полугодишен пакет кои се однесуваат на тренирање надвор од пик периодите, односно од 10 до 16 часот, изнесуваат 800 и 450 евра и во ваквите пакети не се вклучени лабораториски испитувања и кардиолошки преглед. Секој посетител на Premium Sport Center добива VIP Golden или VIP Silver картичка и се стекнува со низа дополнителни бенефиции. Golden картичката вклучува 10% попуст при користење на здравствени услуги во „Аџибадем Систина“, еднокреветна соба за хоспитални услуги, 10 % попуст во ресторан SushiCo, до 10 % попуст на сите масажи, кик-фит, групни тренизни и физикални терапии во центарот. Додека со Silver картичката се добива  5% попуст при користење на здравствени услуги во „Аџибадем Систина“, 5% попуст во ресторан SushiCo и 5% попуст на сите масажи, кик-фит, групни тренизни и физикални терапии во центарот. Како можност за покривање на полугодишниот или годишниот пакет во Premium Physical Therapy & Sport Center може да се искористи и Медиплус кредитот на Стопанска банка а.д. Битола, кој покрај тоа што е наменет за бескаматно кредитирање на сите медицински услуги во КБ „Аџибадем Систина“,  може да биде целосно наменет и за услугите кои ги нуди Premium Physical Therapy & Sport Center. Доколку намената на средствата е конкретно за услугите на Premium Physical Therapy & Sport Center, максималниот износ на кредит кој може да се подигне е до 1.200 евра со 0% камата. 

Во насока на заштита на здравјето и превенција од ширење на Ковид-19, освен што бројот на посетители е ограничен на 15 лица со препорачана дистанца помеѓу нив, постојано проветрување на просториите (на секои 90 минути) и дезинфекција на целиот објект, исто така сите професионални тренери и вработени во центарот постојано на себе носат заштитни маски. Посетителите на Premium Physical Therapy& Sport Center при „Аџибадем Систина“, согласно правилникот, исто така треба да носат медицински заштитни маски. За сите корисници на услугите кои ги нуди Premium центарот  е обезбеден бесплатен паркинг-простор непосредно пред самиот влез.

Најсовремена нутриција и диетологија

Во склоп на Premum центарот функционира и Одделот за диетологија и нутриција,којшто нуди интегриран пристап во превенцијата и лекувањето на сите здравствени состојби и болести кај кои промените на животниот стил и начинот на исхрана се дел од терапијата. Кабинетите за диетологија се опремени со најсовремена дијагностичка апаратура и во нив можат да се направат сите неопходни антропометриски, биохемиски и физиолошки анализи и мерења со цел да се утврди здравствената состојба и нутритивниот статус. Со стандардниот преглед и добиените резултати од анализите се врши соодветна корекција на исхраната, адаптација на суплементација (додатоци на исхрана) и се укажува на потребата од промена на животниот стил. Во центарот за здрав живот работат високостручни и искусни нутриционисти кои нудат индивидуални планови за исхрана при прекумерна телесна тежина, исхрана кај спортисти, исхрана во бременост и доење, исхрана во менопауза и андропауза, исхрана кај стари лица, исхрана при интолеранција на глутен и лактоза и исхрана во пубертет и адолесценција.


ПР објава