„Ајде сега да ве видам...Момче или девојче“: Зои Блаж ги прашува своите следбеници за полот на бебето

Добивај вести на Viber

Мејкап артистката Зорица Матијашиќ – Зои Блаж минатиот месец преку социјалните мрежи објави дека е бремена и со нејзиниот сопруг Тадеј го чекаат нивното прво дете.

Од објавените фотографии на нејзиниот профил може да се забележи дека е среќна и ужива во бременоста.

На последните фотографии Зои е облечена во бел фустан кој ја следи нејзината линија и го исцртува трудничкото стомаче, со широки ѕвонести ракави.

За нејзините следбеници објави интересно видео во вид на предизвик за да го погодат полот на нејзиното бебе. Иако под видеото се коментира за полот, Зои сè уште официјално нема објавено дали е машко или девојче.

View this post on Instagram

A post shared by Zoi Blaz Official Matijasic (@zoi.blaz)

Фото: Инстаграм
РЖМ

„Нашиот најголем благослов е на пат“: Зои Блаж е бремена