„Ако постои живот после овој, и ако пак треба да бирам, за мене ќе бидеш вечен избор“: Маја Андоновска за најважната личност во нејзиниот живот

Добивај вести на Viber

„Велат децата ги бираат родителите уште пред да се родат. Ако постои живот после овој, и ако пак треба да бирам, за мене ќе бидеш вечен избор.
Ти си ми пристаниште после бура, мојот ѕид, ветерот во грб, рамото за плачење, погледот за утеха, најголемата подршка, најжестокиот критичар, ти си ми инспирација за храброст, добрина, праведност и љубов, ти си ми синоним за спокој и мирен сон...
Ти си мојата челична дама со душа од кристал, ти си мојата кралица 
За крилјата кои ми ги подари и ме научи да летам, за непосредноста и топлината кои ми ги всади, за трпението на кое ме учеше дека е најважно кога мојот темперамент како бомба сакаше да пукне , за тоа што ми беше пример дека упорноста значи успех, за тоа што ме воспита да слушам што луѓето имаат да кажат, да избегнувам да судам, да бидам искрена, и секогаш да се смеам дури и кога животот удира без мерка... за приземјеноста која ти беше заштитен знак, за ведрината со која ме растеше, за тоа што ми беше и татко и мајка цел живот, ќе ти должам уште сто животи.
Фала ти за се што сум денес, фaлa ти за советите кои ден денес не се штедиш да ми ги даваш, фала ти за секое дојди ми требаш, фала ти ... за СЕ !
Фала ти што си супер бабичка на Николај, Михаил и Гаврил , кои те обожаваат .
Биди ми здрава,жива, најсреќна уште многу години заедно со нас.
Среќен роденден мамо, да ти се радуваме и заедно да прославуваме до 100.
Бескрајот нема мерна единица, за да ти кажам колку те сакам 
И секоја година ќе ти го пишувам и повторувам истото, затоа што не сакам да заборавиш никогаш колку си сакана“  - ова е пораката која преку социјалните мрежи ѝ ја испрати актерката Маја Андоновска на нејзината мајка.

Поводот за оваа емотивна порака е роденденот на жената која ја родила. 

View this post on Instagram

A post shared by Maja Andonovska Ilijevski (@maja_andonovska)



Ако погледнете добро на фотографиите, Маја наликува на мајка ѝ.