Ако за празникот Илинден останувате во главниот град, ви препорачуваме да бидете трпеливи. Поради церемониите кои ги организира градот од 9 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“.
За сообраќајниот режим на останатите улици, информирајте се на ФАКТОР.МК