Ако умирам, тоа нема да биде со несредена коса: Вака зборуваше Мисот на Србија за борбата со ракот

Поранешната Мис на Србија и Мис на Европа Дијана Милојковиќ го привлече вниманието на јавноста уште кога на својот блог за прв пат во јавноста прозборе за борбата со ракот на грлото на матката, која траеше пет години.

Иако пред неколку месеци, српските медиуми објавија дека Дијана се чувствува добро, храбрата девојка почина на свои 33 години

Дијана со својот искрен однос кон болеста инспирираше многу жени да одат на редовни прегледи, па дури и тогаш кога под нејзините фотографии на Инстаграм оставаа грди коментари. 

„Не знам зошто се трудиш да изгледаш убаво, се шминкаш и ја местиш косата кога знаеш дека ќе умреш“, е дел од најлошите коментари упатени кон Дијана. Таа достоинствено одговори: „ Дали значи дека ако ќе умрам тоа треба да биде со несредена коса? Не знам како да одговорам на ова, па ќе го претворам во шега, затоа што се надевам дека и личноста која го напиша ова се шегува“, напиша Дијана.

Таа стана Мис на Србија во 2009 година, а во 2014 во Бејрут победи на изборот за Мис на Европа. Има завршено два факултети, фармација и менаџмент. На отсекот економски менаџмент подоцна магистрираше.