Ана Бунтеска: Дари љубов

Добивај вести на Viber

Не дарувај му дребулии на чоек

Никој страден за нив не останал

Не дарувај нешто

На кое векот ќе му одмини

Та и најубото да е

Та и најскапото да е

Нејсе

Украс за в коса ќе се скрши

Обетка ќе се изгуби

Фустан и од срма да е, ќе се скини

Чанта да е од кожа мека

Времето партал ќе ја стори

Не дарувај она

Што чоек сам можи да си купи

Туку дај му нешто кое цена нема

Кое в чаршија не се наоѓа

И не можи со ништо да се плати

Ете

Дај му мисла искрена

Во која ко доенче ќе се искапи

Дај му рака за да се потпри

И во која утеха ќе најди

Дај му збор нежен

Ко топла погача со сласт што ќе ја јади

Дај му грб

Тогаш кога ќе потклекни

Дај му ветер

Кога нозете в кал му тонат

Не дарувај му шогоде на чоек

Туку дел од себе дај му

Најади го со чест

Напој го со сочувство

Поглед благ дај му

И стисок кој сила ќе му даде

Оти чоек сам скоро се’ можи

И ќе научи и она што не знае

Ама пусто

Без чоечност и љубов

Никој никаде не стига

И сиромав ќе е ако луѓе околу нема

Оти налет дарој

Налет она шо од џеб истаено е

Ако си сам, ако си 

осамен


За женски магазин, поетесата Ана Бунтеска