Ана Бунтеска: Дур душата ти умира некаде по патот

Добивај вести на Viber

Со нокти

во дланки зариени

како птица

како грабливка

нема

полудена од бол

и ликот небаре камен е

со ѕвезди во очите

со отров на усните

и главата горе

по ѓаволите

главата горе држи ја

иако ништо не гледаш

а чекорот ти е бавен

бесцелен

уморен од асфалт и бетон

го носиш врз сенката уморното тело

без сон

ниту храна во него

со крв која клокоти

од страст

од немоќ

по него

по себе до него

по допир

неговата рака на срцето

за да се смири

да се воедначи

да не избега и излета

и одиш

чекориш упорно

дур стапалата ти крварат

и дур душата ти умира

некаде по патот

зад себе ја погребуваш

и безгласно во себе повторуваш

за да не заборавиш

за да запаметиш

главата горе

главата...горе...


За Женски Магазин, Ана Бунтеска