Ана Бунтеска: Сè иди и сè ќе одмини

Добивај вести на Viber

Сè иди и сè ќе одмини

И арно и лошо

И живот и смрт

Деној со мирис на спокој

И такви кои желудец наткреваат

Сè иди

Ама и сè одминува

Љубов и омраза

Смеа и плач

Утро во црно обоено

И ноќ во светлина искапена

Та да знај чоек мудар да биди

И никојпат премногу да не се радува

За и отпојќе да не тагува

Туку ете

Некоја средина да има

Во која спокојот ќе си го зачува

Та арно било

Да е со себе нежен

Та лошо било

Пак со себе во мир да си биди

Оти се’ во животот ќе дојди

Ама пусто и ќе си замини

И најмалку верба ко имаш

Да знајш оти пак ден ќе ти светни

А и најрадосен ко ќе бидиш

Да знајш оти не ќе е така за навек

Та врти го веков наопаку

И одлево надесно премести го

И убо и лошо на душата ќе сетиш

Сакал или не, така е

Оти така и треба да биди

За да не ти стани годината линија

И да не ти се смачи од себе

И од она што го врвиш оти така шкртнато ти е

И глава не ведни

Ниту во облаци кревај ја

Оти сè иди

И сè

Ете, сè ќе си замини

Та и ти

А и јас

Еден ден ќе си заминиме од светов

Само дури тука сме

Да сме умни за да научиме

Оти се’ што даено за живеење ни било

Било благослов

Било дар

Било љубов

 За Женски магазин, Ана Бунтеска