Ана Бунтеска: Како канцер душите да ни фатиле

Срцата си ги избраздивме

дамки си оставивме

како истурено црно вино

на бел чаршаф ги извалкавме

и боледуваме

како канцер душите да ни’ фатиле

а еден со друг внатре се носиме

како трудница рожба во утроба

како доилка млеко во градите

како мајка стравот за чедото

цел живот во умот што го носи

ете така ти-мене

а јас-тебе

во срцата еден за друг место сме направиле

со зборови сме ги истетовирале

со соништа жигосале

со мечти неискажани сме си ги обележале

со молк

си тишина која тежи на обајцата

во неа се заплеткавме

до гуша се покривме

од немоќ

од страв

од гнев

а мене болката ме соголува

срцево како стапнато ми е

изгужвано и стиснато

поболено

со ритам кој не го разбирам

а кој на тебе потсеќа

и проклети да сме

што на нељубов се осудивме

ти-мене

а јас-тебе

што грб си завртивме

а срцата уште ни’ се бараат

дур ние слепци при очи

во осама душите си ги запретавме.


За Женски Магазин, Ана Бунтеска