Ана Бунтеска: Од лага до вистина
Од лажни љубови
Оболевме во срцата од очај
Од лажна милост
Пропативме без рака подадена
Од лажни пријателства
Пропаднавме во амбис без поддршка
Од лажни зборој
Телата не’ дробат безнадежно
Од лажна убост
Очите ни оќореа без убајна да видиме
Од лажна борба
Робови станавме на суровите
Од лажни молитви
Устите ни се исушија од поганост
Од лажни проповеди
Ѓаолот души ни сардиса
Лажовен стана овој свет
Камшици од неправди
Како дожд пороен лијат
Питомите веднат глава
Дур дивите носот в небо го кренале
Пусти свет лажовен
Во кој верата на врат се носи
А во срцата остана да скапува кроткоста
Лажовен свет
Проклет свет лажовен со лажовни луѓе
Кој умира секој ден по малку
Та си мислам во глата
Оти сноп светлина само треба
Да осветли пат по кој ќе кинисаме
Без прашања на кои нема одговор
Без одговор на ниту една недоумица
Само светлина која повторно оган ќе запали
За душите да ни се стоплат
За да се искапиме во реката на човечноста
И да ни се смири јанѕата која не’ јаде
Како чудовиште од некоја страшна приказна
Малку ќе да треба
За да ни осветли патот осветен
По кој секој што тргнал, среќа нашол
Не златници ниту којзнае какво азно неброено
Туку на себе си дошол
На својот корен
На она што човек го прави
Не со раѓање, туку со постапки
Не со изглед, туку со поглед иљач
Не со говор, туку со песна од душа
Во овој лажовен свет
Полн со лажни луѓе
Биди чоек...биди светлина...биди љубов
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска