Ана Бунтеска: Стокмени и натокмени

Добивај вести на Viber

Се натокмивме за 

љубовта да зборуваме 

Седнати еден

наспроти друг

Како да сме нечии 

гости

Во некоја дебатна 

емисија

Која се емитува во 

време во кое

Никој не седнува 

пред екранот 

А која е без 

реприза

Се натокмивме и се 

стокмивме 

Дотерани ко (баба 

ми шо велеше) од 

Бурда

Ти костумосан со 

бела кошула која 

блеска

Панталони со цакса 

и светнати чевли 

Па не можам а да

не помислам 

Дека ТАА има

подобар вкус од 

мене

За да ти одбере 

облека која ти 

прилега

А јас пак во лелеав 

фустан 

Долг и црн со гол 

грб

Коса угоре собрана

која бакарно свети 

И тазе маникирани

нокти 

Та од погледот ти читам 

обвинување 

Дека ТОЈ сигурно 

ужива

Кога ваква пред 

него шетам 

Се натокмивме

После години молк 

меѓу нас 

Во кој секој свој 

свет создаде

Еве не’ после 

векови

Во кои насила се 

смеевме оти така

треба

И по некоја солза

пуштавме 

Во пауза меѓу два одглумени 

оргазми 

Еве сме...ете сме

драги мој 

Спремни за љубов 

да се 

надмудруваме

Како едни од оние 

кои најмногу 

зборуваат 

За она што не го

знаат 

Исто како оние кои 

немаат што да 

кажат

А секогаш 

најгласни се 

И ѕиркаме во 

белешките

Кои со себе си ги носиме 

За да не изумиме 

некоја мудра мисла 

Која ќе ни донесе

предност 

Во оваа јалова 

битка која ја биеме 

И која никако не ја

оставаме настрана 

Чунки животот од 

неа ни зависи

И се меркаме еден 

со друг под око 

Како да сакаме да 

видиме пукнатина 

Во совршената

фасада на другиот 

Како да барам 

капка од кафе на 

Твојата совршено

бела кошула 

Или како да бараш 

конец кој виси 

Од мојот свилен 

фустан 

И џабе се џариме

Џабе сенка на стариот 

ТИ и 

старата ЈАС бараме 

Кога низ годиниве 

сме се извежбале

Како војници кои 

никогаш не грешат 

Да се сокриеме 

позади формата 

За ниту случајно да

излезе на виделина 

Колку за жалење 

сме 

Вакви стокмени и 

натокмени 

Вакви убави и 

достоинствени 

Вакви....

Вакви несреќни 
и никакви 
Во љубовта поразени


За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска