Анабела ја нарече семејство! Преседан со Џогани и Миљковиќ - Марко изненади со изјавата

Пред породувањето!

Победничката во втората сезона на реалното шоу „Задруга“, Луна Џогани, одбројува до породувањето. Терминот и е за 4 дена, а дотогаш ја користи секоја можност да ужива.

Секој ден друштво и прави нејзиниот партнер Марко Миљковиќ, со кого неодамна започна нов канал на Јутјуб каде поставува кратки видеа и ги известува своите фанови за детали од нејзиниот приватен живот.

Неодамна во медиумите се појави наводната изјава на таткото на Марко Миљковиќ, кој, како што објави еден весник, рече: „Катастрофа е ако Луна е мајка како Анабела. Ако сака нејзиниот брак да успее, мора да заборави на нејзините родители“.

Миљковиќ веднаш ги демантираше овие обвинувања преку Инстаграм и напиша:

- Оставете го моето семејство со лаги - рече Марко и со тоа ги изненади сите затоа што ја нарече семејство Анабела Атијас, со која не зборува.

Дали ова е првиот чекор кон решавање на несогласувањата и повторно зборување, останува да видиме.


Фото: Инстаграм/Луна Џогани/Анабела

Moжеби ќе ве интересира:

Првото момче ѝ загина во војна, имаше тумор, а преживеа и депресија: Мрачната страна на Анабела