Анџелина Џоли заљубена во зафатен телохранител: Неговата девојка ги фатила

Откако постигна договорот за старателство над децата со поранешниот сопруг Бред Пит, се чини дека актерката Анџелина Џоли се опушти и започна романса, пишува американскиот таблоид „Enquirer“. Имено тие велат дека Џоли се заљубила во еден од своите телохранители и дека не се одвојува од него.

Изворот изјавил дека Џоли „се залепила“ за телохранителот и дека се однесува како заљубено девојче. Тој тврди дека ги видела девојката на телохранителот и настанал тотален хаос.

Друг извор пак тврди дека сето тоа е лага и дека Џоли сака да се фокусира на својата кариера и шесте деца.