Арета Френклин е на смртна постела: Семејството се моли за чудо

Добивај вести на Viber

Пеачката последен пат настапи минатата година на фондацијата на Елтон Џон, за борба против СИДА и одби да зборува во медиумите за причината за нејзиното повлекување од музичката сцена. 

Соул пејачката која има 76 години е на смртна постела во својот дом во Детроит, опкружена од најблиските членови на семејството, кои ги замолија фановите да им се приклучат во молитвите за нејзино здравје. 


Арета со години се бори со вишокот килограми и зависноста од алкохол. Медиумите неретко објавуваа дека таа е болна од рак, но пејачката ги демантираше овие гласини. Исто така, пред неколку години, падна и скрши ребра, па мораше да откаже неколку настапи. 

Френклин првата песна ја објавува во 1960 година, кога имала 18 години. Во 1987 година стана првата женска пејачка која станала дел од R&R Hall of fame. Со текот на времето нејзината кариера прерасна на светско ниво и со тоа ја доби титулата за Кралица на соул музиката.