Пејачките Елена Ристеска, Дани Димитровска и Лена Моротов, пејачот и вработен во ИТ секторот на МОБ Горан Наумовски, водителката Анкица Стојановска-Митровска, актерката Весна Бејби Петрушевска и пијанистката Билјана Петровска
облечени како професионални келнери, сношти ги служеа гостите во кафе-ресторанот „Еквилибриум“, а 20 проценти од прометот и нивниот бакшиш ќе се донира во Домот за деца со посебни потреби.
Според коментарите на присутните, вакви забави и хумани акции на Скопје треба да му се случуваат што почесто.