Батковците ќе бидат најсреќни: Водителката Зорка го откри полот на бебето

Добивај вести на Viber

На крајот на јануари, познатата водителка Зорка Тик Так сподели дека ќе се оствари во улогата на мајка по втор пат.

А, веќе ја откри и мистеријата дека во нивната екипа доаѓа девојче.

Преку видео заедно со сопругот, Зорка сподели со следбениците и пријателите на социјалните мрежи дека ќе имаат девојче.



- За Зорка, ретко дека нешто не е кажано или видено досега (се смее). Мајка сум на 3 ипол годишно синче, маќеа на 11 годишен лепотан и среќна сопруга. Кога не сум на радио, сум на инстаграм под името @miss.mama.mk (се‘ уште немам објаснување за името, и не, не е поврзано со мис на свет). Дружам, вежбам, движам, мнооооогу сакам да читам книги, гласно се смејам но и плачам на филмови. Танцувам кога не гледа никој и сакам кога сум причината за насмевка на моите најблиски - раскажа водителката во интервју за Женски Магазин во една прилика.


FOTO: Instagram