Беше во брак со маж, сега очекува трето дете со сопругата: Бугарскиот фолкер објави убава вест

Популарниот бугарски пејач Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, по трет пат станува татко! Популарниот фолкер, кој снимал и големи хитови со српски пејачи, од почетокот на кариерата помина низ бројни трансформации - се облекуваше како женско, а потоа целосно го промени имиџот, пушти брада и стави мускули.

Неодамна го запали Интернетот со фотографија на која се бакнуваше со Јелена Карлеуша, а Азис никогаш не ја криел својата сексуална определба и јавно ги покажувал емотивните партнери. Пред речиси 15 години започна врска со Ники Китаец, а во октомври 2006 година се венчаа. Нивниот брак не беше легален, бидејќи бугарскиот закон не ги поддржува истополовите бракови. 

Набрзо следеше развод, а Азис и се посвети на својата ќерка Раја, која ја доби во 2007 година со својата најдобра пријателка Гала. Бугарскиот фолкер во мај годинава по втор пат стана татко на син, а сега на следбениците им ја покажа снимката со ултразвук и ја сподели радосната вест. 

View this post on Instagram

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)



Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot

Сними хит со Карлеуша, се облекуваше како жена и го шокираше Балканот: Денеска изгледа сосема различно - тој е голема ѕвезда