Бескрајно се сакаа, но сѐ згасна за миг: Ова се 5-те најтрагични љубовни приказни во Холивуд

фото:PROFIMEDIA

Бескрајно се сакаа, а потоа сѐ згасна за миг... 

Според психолозите, губењето на саканата личност е една од најлошите работи со кои човек може да се соочи. Таков удар е тешко да се поднесе, а ја загрозува и психичката и физичката состојба на поединецот. Бројни холивудски ѕвезди се соочиле со такви загуби, а некои приказни се толку тажни, што изгледаат нереални...

За нивните љубови, кои завршија на неочекуван начин, се зборува и денес. Тие ни покажуваат дека животот навистина пишува романи.

Лиам Нисон и Наташа Ричардсон

Лиам не ја пушташе Наташа од прегратка, дури ни во јавност. Честопати истакнуваа колку се среќни што се пронашле и се заљубиле. Тие се венчаа во 1994 година, а нивната љубов, како што нагласуваа, растеше секој ден.

Но, падот на Наташа при скијањето во 2009 година промени сè. На почетокот мислеа дека воопшто не се работи за сериозна повреда, делуваше безопасно. Се покажа дека е сосема спротивно. Наташа заврши во болнички кревет, во вегетативна состојба.

Страшна трагедија засекогаш ја прекина љубовта: Ја изгуби прерано, никогаш не ја преболи неговата Наташа

Бидејќи парот веќе се договорил дека ако некогаш се случи такво нешто, ќе ги исклучат апаратите кои ги одржуваат во живот, Нисон морал да донесе тажна одлука и да стави крај на животот на неговата сопруга. А години подоцна, Лиам призна дека има денови кога влегува во нивниот семеен дом и очекува да го слушне гласот на Наташа...

Пирс Броснан и Касандра Харис

„Џејмс Бонд“ и поранешната „Бонд девојка“ се заљубија еден во друг вистински, не само на платно. Имено, тие се венчаа во 1980 година, а колку Броснан ја сакал Касандра, е доказ тоа што ги посвоил нејзините две деца и ги воспитал како свои, а потоа добиле и заедничко дете.

Меѓутоа, 11 години подоцна, Касандра почина по борбата со ракот на јајниците. Тоа не беше крајот на несреќата за актерот. На снимањето на филмот „Ноемвриски човек“ во Белград во 2013 година, почина и нивната ќерка Шарлот.

Џон Ленон и Јоко Оно

Нивната врска беше една од најконтроверзните во Холивуд! Но, најпопуларниот член на „Битлси“ и познатата уметница докажаа дека нивната љубов е цврста и полна со страст. Сепак, овој среќен брак заврши на најстрашниот можен начин - со убиството на Ленон.

Обожавателот на „Битлси“, Марк Чепмен, кој бил опседнат со Ленон, го застрелал пред неговиот стан во Њујорк во 1980 година. Неколку децении подоцна, Јоко Оно сè уште се обидува да ги натера љубителите на добрата музика да се сетат на човекот на нејзиниот живот.

Мик Џегер и Лорен Скот

Иако делуваа како многу необичен пар, рокерот и дизајнерката беа неразделни и очигледно опседнати еден со друг. Фронтменот на „Ролинг Стоунс“ ја нарече Скот негова „љубовница и најдобра пријателка“, а многумина сведочеа дека е магично да се гледаат нивните појавувања во јавноста.

Сепак, магијата заврши кога Лорен беше пронајдена мртва во 2014 година. Животот го завршила со бесење, бидејќи не можела да се справи со деловниот крах што го доживеала.

Британи Марфи и Сајмон Монџек

Британи, која беше препознатлива по убавата насмевка, тајно се омажи за Сајмон Монџек. Само три години подоцна таа почина под мистериозни околности, а пет месеци подоцна тој заврши на ист начин!

Истрагата утврдила дека Британи починала поради пневмонија, анемија и употреба на разни лекови, додека нејзиниот сопруг наводно имал проблеми со срцето. Нивните семејства се уште поставуваат прашања за тоа што довело до нивната смрт, а таткото на Британи се сомнева дека тие биле отруени.

извор:stil.kurir
фото:PROFIMEDIA